(ВИДЕО+ФОТО) Кијану Ривс повторно покажал дека не е типична холивудска ѕвезда и го воодушевил светот

На канадскиот филмски глумец, Кијану Ривс, му го одложиле летот, па со останатите патници се возел со автобус. Со оглед на тоа дека Ривс не е една од оние размазени холивудски ѕвезди, на глумецот возењето со автобус со останатите патници не му претставувал никаков проблем.


Како што пренесува „Time“, јунакот на „Матрикс“ патувал од Сан Франциско во лжЛос Ангелес, но дошло до проблеми па неговиот авион морал да слета во Бекерсфилд. За време на качувањето во автобусот глумецот ги засмејувал останатите патници читајќи „интересни факти“ за Бекерсфилд.

Неговата снимка, но и фотографии со останатите патници бргу се прошириле по социјалните мрежи, а едноставноста на холивудската ѕвезда уште еднаш ги воодушебила неговите обожаватели.

Кијану е познат по тоа дека води мирен живот, далеку од гламурот. Хуманитарец е и често се појавува на холивудски случувања или во емисии без некаков повод. Повеќе пати е виден како неуреден им помогнува на „обичните луѓе“ или го вози својот стар мотор. Кијану со своето однесување толку нетипично за холивудските ѕвезди секогаш успева да воодушеви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …