(ВИДЕО) Само четири дена по венчавката славниот глумец бара поништување на бракот!

Само четири дена откако се оженил во Лас Вегас, 55. годишниот Николас Кејџ бара поништување на бракот со 21, години помладата Ерика Коике.
Кејџ барањето за поништување го поднел во средата, пишува Independent. Ако тоа барање биде одбиено ќе барал развод на бракот.
Со Ерика во врска бил една година, а дека бракот нема среќно да заврши било очигледно кога за него била барана дозвола. Имено, видно пијаниот Кејџ на собраните гласно им рекол дека сопругата ќе му ги земе сите пари.


Ерика одела пред него слушајќи го како го спомнува и нејзиниот бивш дечко, кого го нарекол дилер. Дури и рекол и дека не сака да се ожени со неа.


„Никогаш ниту не го барав тоа“, му дофрлила Ерика, на што тој ја поттурнал кон една од собите со насмевка велејки и „Одиме“.
На Кејџ ова му е четврти брат. Првиот бил со патриша Аркет кој траел шест години, од 1995. до 2001. година. Вториот со Лиса Мариа, ќерката на Елвис Присли кој траел само 107. дена. Бракот го склопиле во 2002. а се разминале три месеци подоцна, но судскиот епилог траел се’ до 2004.


Штом добил службен развод Кејџ повторно се оженил. Неговиот трет брак со Алисе Ким траел најдолго, дури 14. години и го добиле синот Кал – Ел.
Кејџ го има и синот Вестон со бившата девојка, глумицата Кристина Фултон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …