(ВИДЕО) Фчерашни новости открива: Што прават граѓаните за да го заштитат паркингот кај ГТЦ?

Граѓаните не останаа рамнодушни на информацијата дека на паркингот кај ГТЦ ќе се градат 60 катници и излегоа да го изразат својот револт. „Фчерашни новости“ први дознаваат на кој начин планираат граѓаните да ја спречат изградбата на висококатниците.
Хуманоста е една од најпознатите карактеристики на Македонците. Додека се чека на државата да обезбеди нови возила за Брза помош, хуманите граѓани истапија со свои средства за да му помогнат на здравството во државата.


И можеби најбитната вест за државата во изминатиот период; фчерашни направи испитување за да дознае како помина деценискиот дуел помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицковски.
Се ова убаво спакувано ќе го гледаме во недела во 19:30 часот, на канал 5 телевизија.

Додека дојде недела, може да ги ѕирнете „Фчерашни“ и на фејсбук, инстаграм или на fn.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …