(ВИДЕО+ФОТО) ХУМАНИ ЛУЃЕ: Соседите со парада на 650. возила за роденденот изненадиле момче (8) болно од рак!

„Помина 16. циклуси хемотерапија, 12. циклуси на зрачење и пет циклуси на имунотерапија. Тој исто така бил подложен на трансплантација на матични клетки. Но, тој навистина го сака животот“, рекол неговиот татко
Малата Рајли Рејњак (8) од Леспорт во САД бил толку изненаден што насмевката никогаш не ја тргнал од усните. Во еден момент тој ја заборавил тешката болест и сите страдања низ кои минуваат тој и неговото семејство.


Gepostet von Rally For Riley Rejniak am Freitag, 31. Januar 2020

Очите му станувале „се поголеми“ додека со воодушевување ја гледал парадата од 651. возило организирана во негова чест, за неговиот роденден на 23. мај.


Gepostet von New News Page on Twitter am Montag, 25. Mai 2020


Имало секакви модели, па дури и моторцикли, а поворката била симбол на борбениот дух и сила на момчето. Луѓето од возилото свиреле, мавтале со балони, држеле пораки за поддршка и честитки …
Погледнете како изгледало тоа:

651 vehicles show up for a surprise birthday of 8-year-old fighting cancer

651 vehicles showed up for a surprise birthday of 8-year-old fighting cancer ❤️ https://gma.abc/3d1dCoV

Gepostet von Good Morning America am Montag, 25. Mai 2020

 

„Му мавташе на секој автомобил, лицето му беше украсено со најголемата насмевка досега. За мене беше многу емотивно затоа што видовме колку многу луѓето од нашата заедница го сакаат. Беше неверојатно, сите тие возила, многу подароци, балони“, рекла мајката на момчето, Ешли Рејњак па се осврнала на болеста со која нејзиното дете храбро се бори со години.

Day 3 of 5 is almost over. Riley has been kicking butt! #reallifesuperhero

Gepostet von Rally For Riley Rejniak am Samstag, 11. April 2020

„Рајли за прв пат беше дијагностициран со невробластом од 4. степен, на 25 април 2017. година. Беше пронајден канцероген тумор во неговиот желудник, но имало и во коскената срцевина“, додала таа.
Го лекувале, но туморот се вратил во 2019. година во коскената срцевина.
„Помина 16. циклуси хемотерапија, 12. циклуси на зрачење и пет циклуси на имунотерапија. Тој исто така беше подложен на трансплантација на матични клетки. Имаше тука успони и падови, но неговото држење е неверојатно. Тој навистина го сака животот“, рекол неговиот татко Грег и додал дека веста за враќање на туморот тешко ја поднеле, но момчето само коментирало: „Не сум загрижен за тоа“.

Well guys, last night Riley got sick and had a fever, so we went to St. Joes. As of now we are getting ready to be…

Gepostet von Rally For Riley Rejniak am Samstag, 25. Januar 2020

Токму оваа реченица била испечатена на маиците што семејството ги носело за време на парадата.
„Лекарите ни рекоа дека неговиот карцином може да се врати, но досега не пронашле никакви докази за заболувањето. Ние ја прославивме таа добра вест заедно со неговиот роденден“, додала мајката.
Рајли коментирал дека тоа е најубавиот роденден што го имал во животот, пренесува ABC.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИНЕРАЛ на кој не смееме да заборавиме во сезоната на настинки: Важен за функцијата на имунолошкиот систем

Дали внесувате доволно цинк? Сезоната на настинки и грип е во тек, а еден од …