(ФОТО) Девојката на Роналдо „се шета гола“ пред децата: Фановите жестоко ја нападнале!

Ја обвиниле дека е вулгарна затоа што, како што пишуваат, нејзиниот костим за капење открива повеќе отколку што крие, а некои мислат дека воопшто немала гаќички. Следбениците сметаат дека ова е несоодветно затоа што има деца до неа

Долгогодишната девојка на фудбалерот на Јувентус и португалскиот интернационалец Кристиано Роналдо (35), Георгина Родригез (26), повторно се најде во центарот на вниманието благодарение на провокативната објава.



Таа ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со семејна фотографија на која позира во базенот со Роналдо и децата додека се возела на душек коњче.
„Одевме не барајќи се еден со друг, но знаејќи дека ќе се сретнеме. Мојот живот“, напишала таа во описот на објавата, која собра над два и пол милиони лајкови.

Сепак, атрактивната дама беше обвинета дека е вулгарна затоа што, како што пишуваат, нејзиниот костум за капење повеќе открива отколку што крие, а некои мислат дека воопшто немала гаќички. Следбениците сметаат дека ова е несоодветно затоа што имало деца до неа.
„Зошто толку многу сакаш да го покажуваш своето тело?“, „Навистина претера“, се само некои од коментарите на социјалната мрежа.
Патем, ова не е прв пат таа да провоцира. Таа неодамна објави фотографија од себе на која спростира алишта на терасата на куќата.

View this post on Instagram

Paños al aire 🍑💣💥 @aloyoga

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Можеби облеката ја стави на решетката за сушење, но се чини дека не ја ставила на себе, со оглед на тоа што позираше во танги, така што нејзините обожаватели имаа поглед на нејзиниот завиден задник.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …