(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоко Ѓорчев:2018. – Година од соништата која навестува нови потфати!

Кога некој е 25. години на естрадата и зад себе има богат опус, многу хитови, испеани песни, освоени награди, навистина е тешко да се опише во неколку реченици…
Но, годината што изминува за Ѓоко Ѓорчев ќе биде засекогаш запишана со најубави букви…Не толку поради нешто специјално, некој настан кој му донел нешто, туку сукцесивноста на активен естраден живот…
Покрај многуте гостувања на странци и Ѓоко Ѓорчев оваа година е дел од неколкуте македонски изведувачи кои имаа успешни концерти…

„2018. година е една од моите најуспешни години во кариерата која трае 25. години“, ни рече Ѓорчев.
Годината што изминува за македонскиот Том Џонс беше посебно убава и успешна. А, во текот на годината пристигнаа и многу признанија.


Во почетокот на годината Асоцијацијата на спортски новинари и Олимпискиот комитет му
доделија плакета за промовирање на македонската музика во државата и надвор од неа.
Во летните месеци ја издаде новата песна „Те сакам“ за која музиката ја напиша Сашо
Георгиев, текстот е на огнен Неделковски а аранжманот на Филип Стевановски. Со истата песна учествуваше на „Еврофест“ и ја доби главната награда – Гран при.
Потоа, како заокружување на успешната година која беше проследена и со многу гостувања
во бројни тв емисии по концертите во Кавадарци и Неготино дојде и концертот во МОБ на 31. октомври.


Ѓоко Ѓорчев во МОБ освен што се претстави со дел од својот богат репертоар имаше и гости. Така Трифун костовски, трио „Џентлмен“, Кате Танева, Зоран Џорлев, Ирена Стевановска и бендот на Филип Стевановски на присутните во МОБ им приредија незаборавна вечер. Ѓорчев имаше концерт за кој се зборуваше со недели, а радува што голем број вљубеници во музиката на нашиот Том Џонс побрзаа да присуствуваат на концертот кој ги врати во некои други, поубави времиња.


После концертот имаше коктел за кој се погрижи винаријата „Бовин“, компанија која годинава го одбележа јубилејот 20. години успешна работа, и која го освојува и светот, но секогаш е зад секој проект на Ѓоко Ѓорчев – вистинска комбинација на успешни луѓе која опстојува долги години.
Но, додека други би мирувале, Ѓоко Ѓорчев после концертот не се одмори туку продолжи со својата најголема љубов – музиката. Околу новогодишните празници го издаде и 7. студиски албум.

Освен тоа, новата 2019. година ја започнува со настап во прекрасниот амбиент на винаријата Queen Winery во Демир Капија, место каде што гостуваат само потврдени уметници. На први јануари покрај Ѓорчев ќе настапат и Џон Илија Апелгрин и бендот на Филип Стевановски.
Во новата 2019. година, веќе е потврдено дека Ѓоко Ѓорчев и Трифун Костовски ќе имаат турнеја низ Македонија. Ќе имаат концерти во повеќе градови во македонија, а засега го откриваат само оној во март во Битола (иако точниот термин сеуште не е утврден). А, потоа ќе следат и други градови.

Веднаш после празниците Ѓорчев влегува во студио да ги сними познатите евергрини „Torna
Suriento“ , „Power of love“ (ја испеаа Џенифер Раш и Селин Дион). како и еден дует со Трифун Костовски.
После вака успешна година човек би помислил дека Ѓорчев ќе ги „задоволи апетитите“ и едноставно ќе одмора, но, не…тој е посебен и по тоа што не умее да мирува…
Во годината што изминува уште еднаш покажав дека музиката е мојата најголема љубов, инспирација и мотив за понатаму. Не знам што попрво да истакнам од се што ми се случуваше оваа година. Дали настапите, признанијата…Но, сепак би го издвоил концертот во МОБ, што беше моја голема желба. Таа ноќ луѓето на сцената видоа еден друг Ѓоко Ѓорчев, оној кој можеби некаде се криеше сиве овие 25. години. Исплива вистинскиот Ѓоко Ѓорчев кој живее и работи за музиката, и кој својата енергија ја префрли на присутните во МОБ – мислам дека многу луѓе тогаш од мене ја примија позитивната енергија која е типична за мене. Пресреќен сум што на присутните им овозможивме двочасовно музичко патување со моите прекрасни гости кои исто така покажаа дека се големи вљубеници во музиката. Но, здравје, доаѓа 2019. Нова година, нови планови, нови обврски. Само здравје“, ни рече Ѓоко Ѓорчев кој не умее да мирува и понатаму продолжува во негов стил – со музика и песна.

Но, ние би додале и дека Ѓоко Ѓорчев секој ден енергија црпи и од семејството – од своите две дами, сопругата Ноки и ќерката Александра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …