(ФОТО) Џони Деп преправен во пират посетил болни деца во Париз!

Американскиот глумец Џони Деп повторно го облекол костумот на славниот пиратски капетан Џек Спероу, со црн креон околу очите и рацете прекриени со прстени за ненадејната посета на младите пациенти во болницата „Институт Кири“ во Париз, соопштил овој центар за истражување и лекување рак.


Ѕвездата на успешниот филмски серијал „Пирати од Карибите“ го посетил педијатриското одделение на Институтот Кири, каде разговарал и позирал за сликање со децата и медицинскиот персонал, како што направи повеќе пати последните години во болници во Вакнувер во Канада, Лондон, или Бризбејн во Австралија.


„Подарок кој ги израдува пациентите, семејствата, негувателките, лекарите и истражувачите.Огромно благодарам на Џони Деп на неговото време, охрабрување и енергија“, навеле од Институтот во пораката на Твитер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …