(ВИДЕО+ФОТО) ГО ТРОГНАЛ СВЕТОТ: Кое е момчето без долниот дел од телото на отворањето на Мундијалот?

Момчето без долен дел од телото, кое се појави на отворањето на Светското првенство во Катар, никого не остави рамнодушен.
Ганим Ал Муфтах е роден со синдром на каудална регресија, ретко нарушување што го попречува развојот на долниот дел од ‘рбетот. Со оглед на многу малкуте шанси за преживување што му ги дале лекарите, вистинско чудо е што Ганим успеал да живее повеќе од 15. години.
Неговата приказна е вистинска инспирација и мотивација за лицата со попреченост ширум светот.
Момчето од Катар голем дел од својот успех им го должи на родителите кои непоколебливо влијаеле на неговиот позитивен развој. Тие инсистирале тој да води нормален живот, надвор од границите на неговите физички ограничувања.

Секоја година добива експертска хируршка нега во Европа и е најмладиот катарски претприемач. Ја основал компанијата „Gharissa Ice Cream“, која има шест филијали и вработува 60 вработени. Ганим настојува да го прошири својот бизнис и да отвори франшизи низ регионот на Заливот.



Ал Муфтах исто така се надева дека ќе стане иден параолимпиец. И’ покрај неговиот хендикеп, Ганим ужива во пливање, нуркање, фудбал, планинарење и скејтбординг.

На училиште, тој играл фудбал со патики на рацете и ја „бркал“ топката со своите пријатели со „нормална големина“. Зачудувачки, Катарецот се искачи на Џебел Шамс, највисокиот планински врв во целиот заливски регион.

Бестрашното момче јавно ја изрази својата намера да се искачи на Монт Еверест.

Со над милион следбеници на Инстаграм, Ал-Муфтах сака да студира политички науки, со цел да стане – идниот премиер на Катар.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …