“Light of your soul” – Уникатно рокенрол доживување со RIS FLOWER!

Почитувани, со огромно задоволство Ве информираме дека на 13ти декември во Public Room придружуван од својот бенд, RIS FLOWER ќе одржи ексклузивен интимен концерт каде ќе го претстави неговиот најнов проект “Light Of Your Soul”.

На концертот ќе бидат изведени досегашните комплетно авторски песни на RIS FLOWER, а публиката ќе има можност за прв пат во живо да ги чуе и новите, досега необјавени песни.


На сцената, RIS FLOWER ќе биде придружуван од неговиот бенд, составен од врвни музичари и долгогодишни соработници: Џоле Максимовски – бас гитара, Мустафа Чанбазлар – клавијатури, Арикан Сиракаја – тапани и Александра Кировска – гитара.

This image has an empty alt attribute; its file name is Ris-Flower-artwork1.jpg


RIS FLOWER –” Секогаш уживам на сцена и затоа со нетрпение очекувам да настапам пред скопската публика. Подготовките за концертот се започнати и можам да кажам е дека ќе биде навистина енергично шоу, различно од се останато. Особено ми е драго што на концертот ќе настапат и музичарите од Турција, екипа со кои ја работам музиката во изминатите години, голема Благодарност до Порше Македонија за поддршката!”

13ти декември Public Room почеток 21ч.


Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се”

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …