Пред објавувањето на втората сезона од нејзината реалити серија „Soy Georgina“, Георгина Родригез за шпанското издание на магазинот „Elle“ зборувала за своето семејство, критиките, љубовта и смртта на нејзиниот син.
Пред повеќе од една година, кога продуцентската куќа „Комодо“ предложи снимање на нејзината ријалити серија „Soy Georgina“ за Нетфликс, никој не замислувал какво влијание ќе има серијата. Само неколку дена по нејзината премиера, стигнала до топ 10 на платформата и била една од најгледаните во повеќе од 50 земји.
View this post on Instagram
Иако не е прва, ниту ќе биде последната славна личност која ќе покаже како живее, што јаде, со кого се смее или на што го поминува слободното време, таа покажува повеќе – детали кои даваат увид во животот на свршеница на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
Токму нивниот живот оваа година го одбележа неверојатна трагедија, кога нивниот син починал по раѓањето.
„Оваа година ми беше најкомплицирана во животот, најсреќниот момент стана најтажен. Тоа е нешто што ќе ме следи до крајот на животот и што нема да можеме да го заборавиме”, признала Георгина.
View this post on Instagram
Во моментот на фотографирањето за Elle, Георгина открила дека претходната ноќ ја поминала во болница со својата најмлада ќерка бидејќи девојчето имала висока температура.
„Ако денес го пребарате моето име на Гугл, ќе испадне дека сум во кавга со семејството на Кристијано, дека имам сестра која ми бара пари и дека не знам што се случило со Розалија… животот е многу поедноставен од сето ова: Не сакам конфликти, никогаш не се карам со никого… но најлошото е што сите информации се лага. Јас, сè што сакам е да бидам со моето девојче во болница“, изјавила таа за Elle.
Зборувајќи за важноста на семејството, таа рекла дека децата се „најважното нешто што го има“ и дека секој нејзин чекор е обележан со нив: „Јас сум сеприсутна мајка во нивното воспитување. Понекогаш ме нарекуваат тешка, но јас не сакам да пропуштам ништо“, вели Родригез.
View this post on Instagram
„Без дилема, сестра ми Ивана ми е се. Таа во многу моменти беше, мајка, татко, пријател… мојот главен столб. Мојата поддршка во моментите на осаменост и во најсреќниот живот. А до неа се моите пријатели. Ништо помеѓу тоа не не промени и сакам да споделувам се што имам со нив. Моите деца ги сакаат толку многу што им се први роденденски гости. За мене тие се синоним за забава и љубов“, додава Георгина.
Таа проговорила и за првата средба со Кристијано и нивната љубов: „Кристијано и јас се заљубивме на прв поглед, кога го видов за прв пат почувствував дека времето застанало. Никогаш не сум видела толку убав маж, толку внимателен “.
„Тој е најзгодниот маж што моите очи го виделе. И да, јас сум девојка на најдобриот фудбалер на светот, но не е неопходно луѓето – а многу од нив се и жени – тоа го коростат на грд начин, Јасно е дека мојот однос со него ми овозможи да исполнам многу од моите соништа, но секогаш, и пред и откако се запознавме, ја вложив истата страст во сè што правев… Да се биде чистачка, продавач или модел“, заклучила Георгина.
Фото: Принтскрин/Instagram/ElleEspana