(ВИДЕО) „РИЗИКУВА СМРТ“ – Том Круз го подготвува „најопасниот трик во историјата на филмот“ за продолжението на „Невозможна мисија“

Том Круз подготвува уште попредизвикувачки акробации за новиот дел на „Невозможна мисија“, а за тоа колку можат да се опасни, се наведува дека нивното изведување „ризикува смрт“.
Холивудскиот актер е познат по тоа што сам ги изведува сите акробации неопходни за снимањето на самиот себе, а имал и улоги за кои такви работи биле особено неопходни, почнувајќи од „Топ Ган“ до бројните продолженија на „Невозможна мисија“.
Токму за продолжението на споменатиот филм Круз го подготвува својот најопасен трик досега. Тоа е BASE cliff jump. BASE скоковите вклучуваат скокање со падобран, но без авион.
BASE е акроним изведен од зборовите зграда, антена, опсег и земја на англиски јазик. Тоа во основа вклучува скокање од облакодери, високи радио кули, мостови или карпи.


Овој пат Том избрал карпа за својот потфат. Краткото видео кое го најавува претстојното продолжение на Mission Impossible го прикажува овој застрашувачки подвиг, а каналот на YouTube на Paramount Pictures го опиша подвигот како „најголемиот трик во историјата на кинематографијата“.
Продолжението, насловено „Dead Reckoning“, го прикажува Круз на карпа опишувајќи го трикот како „убедливо најопасното нешто што некогаш го пробале“.
Новиот филм ќе биде седми во франшизата, а покрај Круз, во него играат и Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Винг Рејмс, Роб Дилејни и Пом Клементиеф.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …