Српската пејачка Марија Шерифовиќ по петгодишна пауза објави нова песна наречена „Добар ви ден“, а песната и самиот спот носат остра критика на модерното општество и светот, кој „наликува на џунгла, без навестување за фер-плеј“.
Марија Шерифовиќ ја најави својата нова песна со прилично криптични пораки во кои ја осудува суровоста на модерната ера управувана од социјалните мрежи.
Преку најавите се допреа и теми како стравови, насилство, самоубиство, силување, а сето тоа го заврши со порака: „Колку и да не повредат последиците од нашиот бунт, погледот да го насочиме директно во лице на сите наши стравови. Тоа е единствениот излез од невидливиот затвор на нашата судбина: ПРОТИВ ЛАГИТЕ!“.
Со објавувањето на самата песна, сите овие пораки всушност добија смисла, а текстот на песната наречена „Добар ви ден“ цинично и иронично не повикува сите нас – актерите на современиот свет на неправдата и лагите, каде што човечното, љубовта и се што е добро на светот се оставени на страна.
View this post on Instagram
Текстот за песната го напиша Леонтина Вукомановиќ, која со Марија соработува 17 години, а на Фејсбук порача дека оваа песна ја смета за песна на нејзината кариера. Таа открила дека е напишано само за Марија и за време на пандемијата, по тешките разговори што ги имале.
“Dobar vam dan
Propali ljudi, umorne ptice
Šta vam je plan
Pljunuti nekog danas u lice
Ovo je baš šugavo vreme
Kada život izgleda ko proba
Je*eno doba”, се вели во првата строфа.
“Dobar vam dan
Gde su vam snovi,
prazna je vreća,
Sve je na gram
Život i ljubav
Tuga i sreća
Previše vas premalo ima
Ceo svet je samo jedna soba
Je*eno doba”, navodi se u nastavku.
Шерифовиќ заедно со самата песна решила да испрати и значајна порака која се обидела да ја пренесе преку песната и спотот: „Добар ден за вас во свет кој наликува на џунгла, но без трага од фер-плеј. Добар ден за вас во хаосот на неправдата и лагите, во кој нема милост за различните и незаштитените. Добар ден за она што остана од вашиот живот, во густата мрежа на измами, масовна хипноза и лаги каде и да погледнете“.
„Добар ден за вас во темнината каде само љубовта го осветлува животот и го покажува патот. Добар ден за вас во нова можност да заработите се што е освоено само со лична храброст и вашиот талент. Добар ден за вас во време кога никој не ќе гледа со носталгија кога ќе остариш. Добар ви ден кој е голем колку нашиот имагинарен живот и ситно како срце на кукавица. Добар ви ден и здравје и среќа и сите добри и оние уште подобри ветришта во едрата!Среќна Нова Година. И следната…Ако ја има“, ја завршила својата порака Марија.
View this post on Instagram
Видеото во режија на Милош Шаровиќ живо го пренесува сето она што Марија сакала да го каже – додека таа стои во толпата униформирани маски и се задушува. На видеото потоа се гледаат деца изложени на различни телевизиски содржини кои влијаат на нивната свест, потоа девојка која прави селфи, а потоа ја „проголтуваат“ лајковите на Инстаграм.
Видеото потоа покажува навреди упатени кон злоупотребените, пораки за менталното здравје додека на крајот сите се кријат зад униформирани маски.
„Кои се животните овде, кои се тие луѓе?“, прашува Шерифовиќ додека видеото безмилосно ги прикажува сите зла на современото општество кое се крие зад маските на социјалните мрежи и губи се што е хумано само по себе.
Фото: Принтскрин/Instagram