На фотографијата која се појави на социјалните мрежи и брзо стана вирална, се гледа како маж фотографира девојка која позира пред самиот влез на концентрациониот логор Аушвиц.
Фотографијата предизвика бес и го обиколи светот. Некои пишуваа дека ваквото однесување е неприфатливо, други дека е скандалозно, а мнозинството го осуди овој тип на фотографирање на место каде што загинаа толку многу луѓе.
„Денес имав едно од најтешките искуства во мојот живот. За жал, не изгледаше како да е толку трауматично за сите“, напиша еден корисник на Твитер споделувајќи ја фотографијата.
„Целосно одвојување од реалноста. Тоа е единственото објаснување“, беа дел од коментарите кои следеа, а многумина потенцираа дека тоа се случувало и при нивната посета.
Today I had one of the most harrowing experiences of my life. Regrettably it didn’t seem everyone there found it quite so poignant. pic.twitter.com/3OdWavqC4P
— Maria 🇬🇧 (@MariaRMGBNews) April 15, 2023
„Апсолутно одвратно, кога бев таму луѓето правеа селфи. Такво непочитување“, гласи еден коментар на фотографијата.
Од самиот меморијален центар се огласија:
„Фотографиите можат да имаат огромна емотивна вредност и за посетителите. Тие ни помагаат да се потсетиме. Кога ќе дојдат во Меморијалниот центар Аушвиц, посетителите треба да запомнат дека влегуваат во автентично место на поранешен логор каде што беа убиени повеќе од еден милион луѓе. Почитувајте во споменот на нив“, се вели во соопштението на меморијалниот центар.
I was legitimately shocked by how some people treated Auschwitz like an amusement park when I visited last year. I took this video of a lady who posed balancing on the tracks for her boyfriend. So unbelievably disrespectful https://t.co/16yDyHF6jl pic.twitter.com/sDJF52Dq8Z
— Drew Pavlou (@DrewPavlou) April 16, 2023
Фото: Twitter