ЈП Лајка започна со стратешко заловување

Почитувани граѓани на општина Гази Баба,

Би сакале да ве известиме дека од минатиот понеделник, 10ти април. 2023 г. заловувачкиот тим на ЈП Лајка започна со стратешко заловување во општина Гази Баба.


Имено, нашиот тим на заловувачи минатата недела (10-13. април) заловуваше во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово.

Оваа недела од стратешкото заловување (18-20.април) нашиот тим ќе заловува во: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.


This image has an empty alt attribute; its file name is zalovuvanje-bezdomni-kucinja.jpg

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.


Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk

Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.

ЈП Лајка

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …