(ВИДЕО+ФОТО) Долната облека на Ријана ја рекламираат жени кои победиле рак на дојка

Ријана од сезона во сезона со својата линија за долна облека „SavagexFenty“ прави мала револуција. Во најновата колекција, како модели, таа ангажираше жени кои го победија ракот на дојка.
Брендот за долна облека на Ријана станува еден од најинклузивните во светот на модата, бидејќи создава простор за тела што ретко сме ги виделе на пистата порано.
Во последната колекција, долна облека беше претставена и од три жени кои го победиле ракот на дојка. Тие беа модели како дел од најновата кампања Savage x Fenty.
Во знакот на месецот на борба против ракот на дојка, Рири им го предаде микрофонот на „преживеаните и успешни“ инфлуенсерки Кајатанита, Ерика и Никија, кај кои беше дијагностицирана агресивна форма на карцином и кои немаа соодветна здравствена заштита поради возраста и расата. Охрабрувајќи ги да ги раскажат своите приказни, Ријана се надева дека ќе ја подигне свеста за пречките со кои се соочуваат црните жени кога станува збор за пристап до соодветна здравствена заштита.


Со дијагноза на рак на дојка на 32-годишна возраст, која ја добила во 2018. година, Каиатанита започнала да пишува за своите искуства во обидот да создаде заедница и да се осигура дека другите како неа не се чувствуваат сами. Таа сега се појави во долната облека Savage x Fenty минатиот месец, исто како и sвездите Бела Хадид и Лиззо.
„Никогаш не помислував во своите најлуди соништа дека после кардиоваскуларен карцином и рак на дојка сепак ќе бидам тука и ќе бидам дел од нешто убаво“, напишала таа.

Ерика, на која и биле дијагностицирани два вида рак на 28-годишна возраст, опишала како се променила нејзината врска со сопственото тело.
„Важно е да го цените вашето тело затоа што тоа ве донесе таму каде што сте“.

Бидејќи колекцијата за кампањи ќе биде во продажба во текот на октомври и до ноември, дел од приходот од 250.000 американски долари ќе биде дониран на фондацијата „Rihanna’s Clara Lionel“

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …