(ВИДЕО) До кога ќе ги гледаме поповите како ги фрлаат бебињата на крштевки!

Секој што користи социјални мрежи барем еднаш гледал видео од крштевање во кое поп фрла бебе како да е играчка. Сега се појави уште едно, па се запрашавме: до кога ќе го гледаме ова?
Неодамна на Фејсбук беше објавено ужасно видео од Кипар, во кое поп крсти бебе со насилно фрлање во вода. Снимката е едноставно застрашувачка.
На него се гледа како свештеник втурнува новороденче со сета своја сила во водата за време на церемонијата во Лимасол, а нозете на бебето удираат на работ на металниот контејнер неколку пати.
Мајката на детето, Нтина Шита, го објавила видеото и рекла дека нејзиниот син останал „црвен и во шок“ и го обвинила свештеникот за тортура на бебето.


Родителите поднеле жалба до црквата по крштевањето, по што детето останало покриено со црвени траги, според зборовите на Нитина. Во едно телевизиско интервју во неделата, свештеникот му се извинил на семејството, но негирал каква било злонамерна намера.
„Вистина е дека во одреден момент бебето речиси се лизна од моите раце и како што можете да видите на видеото, ја ставив раката под неговиот колк за да го заштитам. Немаше намера да го удрам бебето. Крстив многу деца. Кога сфатив дека бебето е вознемирено, се обидов да го завршам ритуалот што е можно побрзо“, рекол тој.
Сепак, видеото покажува и дека тој го кренал бебето високо со сите сили пред да го потопи во вода.
И ова не е единственото такво видео – има само многу слични на ЈуТјуб. Да се ​​потсетиме.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …