(ВИДЕО+ФОТО) ДЕНЕС ИМА 64 ГОДИНИ – Џорџ Костанца имаше само 30 години кога започна снимањето на „Seinfeld“, еве како изгледа денес

Серијата „Seinfeld“, која се снимаше од 1989 до 1998 година, денес си ја врати популарноста со оглед на тоа што моментално може да се најде на Нетфликс.
Еден од омилените ликови во серијата е урнебесниот Џорџ Костанца, кој го игра американскиот актер Џејсон Александер.


Кариерата на сега 64-годишниот актер ја одбележа токму таа улога, а многумина се изненадени од фактот што за време на снимањето на серијата Џејсон имал триесет години.
Откако заврши снимањето на „Seinfeld“, Џејсон ја презеде главната улога во ситкомот „Bob Patterson“, кој траеше само една сезона, а се испроба и во режија на некои други проекти.

View this post on Instagram

A post shared by Jason Alexander (@jalexander1959)


Џорџ речиси и не се променил по сите овие години, единствената нова работа кај него е побелената брада и неколкуте брчки.
Според странските медиуми, имотот на Џејмс моментално се проценува на 50 милиони долари, а неговите изјави и ситуации од „Seinfeld“ се уште ги смеат гледачите ширум светот.


Серијата „Seinfeld“ е еден од најпопуларните ситкоми на сите времиња, заедно со „Friends“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден пред 23 години се збогувавме од нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години …