СВЕСНИ ЗА ОКОЛИНАТА – Овие пет неверојатни работи кучињата можат да ги почувствуваат пред луѓето

Добро познат факт е дека кучињата се интелигентни суштества и се многу посвесни за својата околина во споредба со луѓето.

Подолу се пет неверојатни работи и феномени кои кучињата можат да ги почувствуваат.


1. Невреме
Кучињата се способни да почувствуваат бури. Луѓето кои имаат кучиња сигурно го забележале тоа. Кучето почнува да лае или да се гушка во скутот на сопственикот пред да дојде лошото време. Без разлика дали се работи за бура или грмотевици, кучињата се мајстори во предвидувањето на времето.

2. Земјотрес
Според сеизмолозите, кучињата можат да го почувствуваат електричниот сигнал генериран од движењето на карпите под земја. Кога земјотресот ја погоди Јапонија на почетокот на 2011 година, луѓето беа сведоци на необичното однесување на кучиња, слонови и други животни пред земјотресот. Во сличен пример од Кина во 1975 година, луѓето пријавиле чудно однесување на животните пред земјотресот во кој загинаа околу 2.000 луѓе. БХ голманот кој настапува за турскиот Аданаспор, Горан Карачиќ ја опиша драмата што ја доживеа заедно со сопругата за време на последниот земјотрес во Турција. Тој вели дека неговиот живот не го спасил никој друг туку неговото куче.
„Можам слободно да кажам дека мојот живот и животот на мојата сопруга го спаси нашето куче! Инаку, тоа е многу мирно животно кое ретко прави врева. Неколку моменти пред земјотресот почна да лае и да скока низ собата, што не разбуди и не алармираше дека нешто не е во ред, по што истрчавме на улица“, изјавил поранешниот голман на Зрињски.


This image has an empty alt attribute; its file name is kuce-spasitel1-1024x576.jpg

3. Опасност
Кучињата се многу чувствителни на феромони за кои не сме свесни. Ова е причината зошто кучињата можат да предвидат можна опасност. Тие можат да научат за намерите на личноста со која се среќаваат со забележување на суптилни изрази на лицето и говор на телото. Ако вашето куче покажува невообичаена аверзија кон некого, тоа ве информира за потенцијална закана што таа личност може да ви ја претставува.


4. Разни болести
Истражувањата покажаа дека ткивото на ракот ослободува специјални хемикалии кои се разликуваат од нормалното ткиво, а кучињата се изненадувачки добри во разликувањето на малигното и нормалното ткиво. Жена од Калифорнија забележала како нејзиното куче и ја лиже десната дојка, а кога отишла на лекар и бил дијагностициран рак на дојка. Во една студија, обучен лабрадор ретривер успеал успешно да открие рак на дебелото црево кај луѓето со повеќе од 90 проценти точност.

5. Бременост
Иако нема конкретни научни докази кои потврдуваат дека кучињата се способни да почувствуваат бременост, тоа го докажуваат бројни примери. Способноста на кучето да го чита говорот на човечкото тело, мирисот и однесувањето му помага да открие бременост. Се случуваат одредени промени во мирисот, обликот на телото, јазикот на телото, расположението и однесувањето на трудницата, кои кучето лесно може да ги прочита, пишува порталот The Dodo.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …