(ВИДЕО) Луѓето ШОКИРАНИ ОД ИМЕТО кое родителите го избрале за својот син: „Во затвор, веднаш!“ – Мајката не се грижи за лошите коментари и има ЈАСНА ПОРАКА!

Додека некои знаат како ќе го именуваат своето (сеуште неродено) дете години однапред, изборот на име за бебето е голем проблем за многу родители.
Некои се обидуваат на своите потомци да им дадат оригинални имиња, други со модерни имиња, а други со традиционални имиња.
Сепак, една мајка на TikTok со своите следбеници споделила приказна во која објаснува кои имиња биле во оптек пред таа и нејзиниот сопруг да го наречат својот син Севен Симба (анг. Seven – Simba).
Имено, младата мама, Британи Мери Дејвисон, на TikTok изјавила дека пред конечната одлука размислувале за имињата Теди, Блу, Феникс, Могли и Килијан, но дека на крајот изборот завршиле со сосема необично име – Севен Симба.
Како што обично се случува со вакви и слични теми, видеото на Бритни била причина за многу коментари и полемики на споменатата социјална мрежа, а додека повеќето го осудиле изборот, имало и такви на кои им се допаднало името.
Мајката напишала дека кога нејзиниот син ќе порасне ќе може да го смени името доколку не му се допаѓа, посочувајќи дека бројот „седум“ има посебно значење за нивното семејство.

@adacometbritt #boysnames #nameideas #boys #babytok #ftm ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show


„Нема шанси твојот син да се вика Севен Симба“, „Мораш да се шегуваш. Сериозна си???“, „Во затвор, веднаш“, беа само дел од негативните коментари за изборот на името на бебето. а имало и такви на кои им се допаднало:
„Слатко!! Синот на Ерика Баду се вика Седум. Ми се допаѓаат и Феникс и Килијан”, “Ми се допаѓа името. Вашето дете ќе го сака кога ќе порасне. Нема такво име. Мајка ми мразеше што му го дадов името Генон на син ми, но и се допадна потоа“.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …