Во улога на модел на модна ревија се нашол и Пеп Гвардиола…
Пеп Гвардиола (52) е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот. Со стилот на игра и новите идеи промени многу работи, а сега се појави и една негова снимка која воодушеви многумина. Не се работи за некој тактички потег или настани поврзани со фудбалот, туку за модна ревија на која тој бил модел.
🚶♂️👀 Pep Guardiola in 1993 as a model for Catalonian fashion designer Antonio Miró! pic.twitter.com/C1yBFStAUG
— EuroFoot (@eurofootcom) March 26, 2023
Додека го носел дресот на Барселона во 1993 година, Гвардиола се испробал во нова улога. Тој ја носел облеката на познатиот моден дизајнер Антонио Миро. Видеото на социјалните мрежи го погледнале неколку милиони луѓе, а не сите веднаш го препознале, пред се поради неговата коса. Иако се чини дека, според, неговата реакција не ужива премногу. „Дали го принудија да оди по пистата под закана со оружје“, се пошегувал еден маж на Твитер.
View this post on Instagram
Гвардиола сега е тренер на Манчестер Сити и на крајот од сезоната ќе се бори за двата најважни трофеи. За куповите во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Во Англија „го брка“ Арсенал, додека во четвртфиналето од елитното натпреварување ќе игра против Баерн Минхен.
View this post on Instagram
Инаку, неговата ќерка Марија Гвардиола се занимава со манекенство и често објавува фотографии на социјалните мрежи.
Ова е неговата ќерка Марија:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/TWITTER/EUROFOOTCOM