(ВИДЕО) ЗЛОСТАВУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ – Јутјубер уапсен после морбидната снимка со која се обидел да привлече следбеници

Јутјуберот Гуарав Шарма бил приведен според законите за суровост кон животните, откако тој го врзал домашното милениче, померанско куче на куп балони наполнети со хелиум и го пуштил да одлета.
Јутјуберот се нашол во неволја откако снимил како го врзал своето милениче, померанско куче на куп балони со хелиум и го оставил да лета, како дел од вирален трик.
Додека животното удира во блискиот балкон, сопственикот цело време се забавува и се смее.
Гаурав Шарма, кој на мрежата се вика Гауравзон, објавил видео од миленичето Долар како лета со балони, но неговиот канал наскоро бил преплавен со поплаки од групи за заштита на животни.
На снимката се гледа како 32-годишникот и уште една жена се обидуваат неколку пати да го натераат Долар да полета, пред конечно да се искачат на врвот на автомобилот и да го ослободат животното, кое на крајот паѓа на блискиот балкон, додека сопствениците се смеат.
Погледнете ја подолу снимката од овој инцидент:


Фото: Принтскрин/Youtube/ BTS

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …