(ВИДЕО) Животот е чудо – Германците го извеле на стрелање, но го спасил Бог: Ја напишал најтажната песна која била забранета од комунистите,но Јованка Броз одлучила да и ја испеат!

Бора Спужиќ Квака, крал на српската кафеанска песна ја испеал „Pluća su mi bolna”, а автор на стиховите е Драгиша Неговиќ, но зад настанувањето на оваа песна се крие интересна приказна.


Многумина сметаат дека ова е најтажна песна било кога снимена на овие простори. Недовиќ за време на својот живот искусил невидени страдања па поради тоа и не чуди што со страдање ги проткајал и своите песни. Роден Крагуевчанин, со останатите сограѓани во 1941. година бил изведен на стрелање, но во последен момент го препознале како автор и го „спасиле“ од сигурна смрт со испраќање во логор. Од германскиот логор излегол жив но болен.



По враќањето во родниот Крагуевац ја пишува оваа песна која е ода на туберкулозата од која бил болен. Интересно е дека песната изворно ја извел Заим Имамовиќ. Неговата маестрална интерпретација довела до низа самоубиства кои биле поврзани со песната, ширум Југославија. Поради тоа, по одлука на Централниот комитет, била забранета за јавно изведување, а плочата на која песната била објавена била повлечена од продажба. Неколку години подоцна, Јованка Броз за која исто така се зборувало дека е болна од туберкулоза, на еден прием од Нада Мамула побарала да и ја испее оваа песна, со што била укината забраната.


Недовиќ е автор и на песните “Stani, stani Ibar vodo”, “Jutros mi je ruža procvetala”, “U lijepom starom gradu Višegradu”, “Prođoh Bosnom kroz gradove”, и дури после набројуавњето на неговите песни може да се сфати неговото значење.


Tekst pesme:
Pluća su mi bolna,
zdravlja više nemam
Jer su sasvim blizu,
moji zadnji dani

Živecu još danas,
a možda i sutra
A onda zauvek
zbogom, moj živote


Nije meni žao,
bednoga života
Jer ja sreće nikad,
osetio nisam

Samo bol i patnja,
gorke suze lio
U životu svome,
srećan nisam bio…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …