И, ја нашле!
Лук Силва, уличен пејач од Лондон, експресно дочекал помош од ТикТокерите и сега го знае идентитетот на девојката која толку многу го фасцинирала.
Имено, додека тој настапувал пред некоја вечер, таа млада дама му се приближила од страна, облечена во речиси проѕирно мини здолниште, а Силва веднаш ги прашал корисниците на споменатата социјална мрежа дали знаат која е таа и како да дојде до неа.
@lukesilvamusic Tik tok do your magic and help me find her 😁 #busking #music #london #performance #singer #adele #hot ♬ original sound – Luke Silva
– Ве молам, направете ја својата магија и помогнете ми да ја најдам – им се обратил Силва на своите следбеници, а во коментарите го добил одговорот на кој толку се надевал.
ТикТокерите утврдиле дека станува збор за Лили Роуз Мекена, му го препратиле нејзиниот профил и сега останува на Силва да ги преземе понатамошните чекори што има намера да ги преземе.
@lilsxxx2
New hair tings 💁🏽♀️
Дека навистина е, сведочат фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм, а во вторникот се објавила себе во истото „мини“ со напомена дека славела роденден.
Силва им ветил на своите следбеници дека ќе ги информира за развојот на настаните.
Фото: Принтскрин/TikTok