(ВИДЕО) За што всушност се користи РАЧКАТА ВО АВТОМОБИЛОТ: Видеото ги запрепасти мрежите!

На социјалните мрежи често ги дознаваме скриените функции на нештата кои погрешно ги користиме со текот на годините, па така една девојка неодамна откри за што всушност служат рачките во автомобилите над прозорците.
Корисничката @sanne_vberkel објави видео на TikTok во кое покажа како всушност се користи рачката во автомобилот и на тој начин собра повеќе од 7,1 милиони прегледи на шокирани корисници.
Видеото започнува со тоа што таа ја повлекува рачката преку совозачкиот прозорец пред да преврти мал клип внатре. Овој клип ја држи рачката на место, што го олеснува закачувањето на работите.

@sanne_vberkel I was today years old #fyp #fy #car #didntknow ♬ Congratulations – Tik Toker


Треба да се истакне дека ова можеби не функционира на ист начин во секој автомобил, но вреди да се провери дали рачките на вашиот автомобил можат да се прилагодат на овој начин.
Многу корисници на TikTok беа шокирани од оваа функција, признавајќи дека тоа никогаш немало да им падне на памет, а во коментарите брзо открија дека повеќе учат на социјалните мрежи отколку во реалниот живот.
– Што?! Како не го сфатив тоа на 42 години? – прашал еден корисник, додека друг додал: – TikTok ме научи повеќе од училиште!

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …