ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ ОМРАЗА: Софија Сапега осудена на шест години затвор

Белорускиот суд денеска ја осуди Софија Сапега, девојката на дисидентот Роман Проташевиќ, на шест години затвор за поттикнување социјална омраза, соопшти групата „Виснарајтс“.
24-годишната руска државјанка летла со своето момче, блогер кој го критикува белорускиот лидер Александар Лукашенко, на летот на Рајанер од Атина за Вилнус во мај 2021. година, кога белоруските власти го пренасочија во Минск, пренесува Ројтерс.
Белорусија тогаш објави дека наредила авионот, по анонимна дојава дека во него има бомба, да слета а Проташевиќ и Сапега веднаш биле приведени, иако се покажало дека заканата за бомба е лажна.
Пренасочувањето на комерцијалните летови за нивно апсење предизвикало бес кај меѓународната заедница и ги поттикна Европската унија и САД да воведат дополнителни санкции кон Белорусија, наведува Ројтерс.
На Проташевиќ допрва треба да му се суди, а не се знае многу за истрагата против него.
Блогерот, кој побегна од Белорусија во 2019. година, работеше како уредник на полскиот канал Next Live во апликацијата за пораки Телеграм.
Каналот, кој е отворено непријателски настроен кон Лукашенко, одигра важна улога во емитувањето и координирањето на огромните протести на опозицијата во 2020 година.

Фото: RT.ru


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …