(ФОТО) „Тоа беше еден од нејзините најшокантни фустани“: За изгледот на ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА на „МЕТ ГАЛА“ и денес се зборува, а Кејт никако не би можела да го облече ОВА

Три месеци по разводот, принцезата Дијана се појавила во фустан кој се уште е тема на разговори.
Неделата ја одбележува најпрестижниот моден настан на годината – „Мет Гала“. Црвениот тепих собра многу познати гости, а во 90-тите и принцезата Дијана прошетала низ музејот Метрополитен во Њујорк.
На 9. декември 1996. година, само три месеци по разводот со Чарлс, Дијана се нашла на големиот настан. На црвениот тепих прошетала во едно од нејзините најхрабри изданија, она што и било „забрането“ за време на положбата во која била пред разводот. Со голите рамена, нагласеното деколте и свилениот фустан зрачела со сексапил.
Темата на годината во тоа време било оддавање почит на Кристијан Диор, па Дијана се одлучила за фустан дизајниран од Џон Галијано, кој потоа стана главен дизајнер на легендарната француска модна куќа. Таа носела свилен темносин слип фустан, инспириран од ноќница, со црна тантела која ја споила со соодветна свилена наметка.
Ако ја споредиме нејзината тоалета со актуелниот избор на познатите личности, несомнено би рекле дека е скромна, но се смета за непримерена за членовите на кралското семејство. Но, Дијана можела да избере во тој момент.
Изданието на Дијана на Мет Гала од 1996. година беше коментирано години подоцна, а и денес. Многу автори на книги за неа и биографи често се инспирирани од нејзината темносина тоалета.

View this post on Instagram

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)


Елоиз Моран, авторката на книгата за Дијана, изјавила дека изгледот на принцезата е „одмазднички“ по нејзиниот развод со принцот Чарлс.
– Тоа беше еден од нејзините најшокантни фустани, но мислам дека изгледа фантастично. Таа изгледа толку среќна и самоуверена. Знаеше дека никогаш нема да може да се ослободи од вниманието и рефлекторите врз себе, но мислам дека тоа го позиционираше на поинаков начин – вели Елоиз за Yahoo, пренесува Insider.
Кралската биографка Кејти Никол, која ја напиша книгата „Вилијам и Хари“, открила дека принцезата се двоумела околу фустанот што го избрала од страв да не го засрами тогаш четиринаесетгодишниот принц Вилијам.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …