(ВИДЕО) Во Мексико после силниот земјотрес на небото се појавила сина светлина

Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на 11 милји (17 километри) североисточно од Акапулко, во мексиканската држава Гуереро, во средата, објави американскиот геолошки завод, USGS.
Јачината на земјотресот прво била измерена на 7,4, а USGS објави дека се работи за многу плиток земјотрес, 12,5 километри под површината на Земјата, што го зголемил ефектот на земјотресот.
Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека се појавила синка светлина по земјотресот на небото над Акапулко.


Иако се појавила информации дека станува збор за експлозии на далноводи, можно објаснување е дека ова е природен феномен што се случува кај посилните земјотреси.


Имено, кога тектонските плочи се тријат една од друга, се создава електричен полнеж долж вертикалните пукнатини што може да патува до површината и да создаде светлина во интеракција со атмосферата.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …