(ВИДЕО) Внуката на фашистичкиот диктатор Мусолини е најпопуларна на изборите во Рим

Рашел Мусолини, внука на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, освои најмногу гласови на изборите за градскиот совет во Рим, покажаа официјалните резултати.
Застапувајќи ги Браќата на Италија (Fratelli d’Italia), која доаѓа од неофашистичката конзервативна партија на Италијанското социјално движење, Мусолини доби 8.264 гласови, пишува Си-Ен-Ен.

„На училиште ме покажуваа со прст.
Во интервју за весникот „La Repubblica“ во средата, Мусолини рекла дека верува дека гласачите помалку се фокусирале на нејзиното презиме и повеќе на „иницијативите“ што ги започна за време на нејзиниот мандат во градскиот совет.


„На училиште, покажуваа со прст кон мене, но потоа се појави Рашл и лицето преовладуваше над презимето, без разлика колку беше оптоварувачко тоа име“, рекла внуката на Мусолини.


За внуката на Мусолини, фашизмот е комплексна тема
Запрашана за нејзините ставови за фашизмот, Рашел за италијанскиот весник одговорила: „За да се занимаваме со оваа тема, ќе треба да разговараме до утре наутро“.
Рашеле Мусолини не е првиот потомок на италијански диктатор кој влезе во политиката. Нејзината полусестра Алесандра Мусолини беше пратеник во централно-десничарската Народна партија на слободата (Il Popolo della Libertà) на Силвио Берлускони, а исто така беше и пратеник во Европскиот парламент.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …