(ФОТО) Овој човек официјално го има НАЈДОЛГИОТ НОС НА СВЕТОТ: Почекајте да го видите од профил

Турчинот Мехмет Озјурек има најголем нос на светот. Поточно, Мехмет е жива личност со најголем нос на светот и како таков влезе во Гинисовата книга на рекорди.
71-годишникот од Турција го собори рекордот во 2010 година кога гостуваше во италијанска ТВ емисија наречена „Lo Show dei Record“ со цел неговите димензии да бидат измерени од професионалци.
Се разбира, не мора да значи дека ова е најголемиот нос на планетата, но е најголемиот што е измерен и внесен во Гинисовата книга на рекорди.


Носот на Мехмет е долг неверојатни 8,8 сантиметри, а наскоро ќе следи ново мерење за да се утврди дали и колку пораснал во овие 11 години.
Бидејќи носот е еден од ретките делови на телото, заедно со ушите, кој продолжува да расте со возраста, многу е веројатно дека мерењето по повеќе од една деценија ќе покаже дека Мехмет го соборил неговиот личен рекорд.
Сепак, Озјурек нема најголем нос во историјата на човештвото.
Според извештаите, Томас Ведерс, попознат како Томас Ведхаус, имал најголем нос досега. Циркузантот од Јоркшир, кој живеел во 18 век, наводно, имал нос долг 19 сантиметри.
Дали овој турски „Пинокио“ го урна рекордот и за колку, ќе дознаеме во догледнао време, иако е многу тешко дека ќе го надмине Томас.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …