Актерката Шенон Доерти веќе шест години се бори со рак на дојката и покажала како изгледа без коса.
Ѕвездата од сериите „Шарм“ и „Беверли Хилс“ сподели фотографии од болнички кревет, а една од нив е селфи, на кое Шенон нема коса и од носот и истекува крв:
„По повод месецот на подигнување на свеста за ракот на дојката, би сакала да споделам повеќе со вас за моето патување од прва до втора дијагноза. Дали е се убаво? Не, но искрено е и ова го делам со надеж дека ќе ги едуцирам луѓето и ќе им дадам малку подобра идеја за тоа како изгледа ракот.
Се надевам дека ќе ги охрабрам другите редовно да одат на мамографија и да го победат стравот од можни лоши резултати. Ми беше дијагностициран рак на дојка во 2015. година. Бев подложена на мастектомија и хемотерапија и зрачење. Честопати имав крварење од носот од хемотерапија.
Не знам дали некој од вас го доживеал ова. Се забавував облекувајќи смешни пижами што ми ги подари мојата пријателка Кристи. Дали тие всушност ми го подобрија расположението? Да! Изгледав смешно и се смеев. Хуморот ми помогна да го надминам она што изгледаше невозможно. Се надевам дека сите ќе успееме да најдеме хумор во невозможни ситуации“, испрати силна порака Шенон.
Во февруари 2020. година, Доерти откри дека болеста е во четврта, терминална фаза – три години откако рече дека нејзината прва борба со ракот заврши со ремисија.
Фото: Принтскрин/Instagram