(ВИДЕО) Цртаниот филм на јавниот сервис ги шокирал родителите: Кога ќе ја видите темата, ќе ви биде јасно зошто

Преголемите гениталии на Џон Делерманд секогаш предизвикувале проблеми, што може да ги потврдат децата во Данска, откако гледале нова емисија за него на јавниот сервис. За некои родители, сепак, оваа комедија не била многу смешна.
Анимираната серија премиерно била прикажана на данскиот канал за деца DR Ramasjang на 2. јануари. Насловен протагонист е човек во облека во риги, чиј пенис како пипалка, исто така, во риги, понекогаш има свој ум, што го носи во разни непријатни ситуации …
Во повеќето случаи и ситуации, овој необичен орган сепак му помага, на пример, кога шета куче или пече на скара. Судејќи според описот, еден ден тоа може да му помогне да го спаси светот, пренесува РТ.
Ваквите гениталии не се нови во анимацијата, пред се благодарение на аниме и хентаи порнографијата, но во серија за деца на возраст од 4. до 8. години сепак била премногу за некои родители.


Во една бесна реакција на Фејсбук-страницата на ТВ-каналот, серијата била наречена невкусна и воопшто не е прилагодена за деца. И многу други сметале дека серијата треба да се отстрани затоа што „децата не треба да гледаат што е прикажано во неа“.
Сепак, многу Данци застанале на страната на каналот. Тие велат дека Џон Дилерманд е забавен за децата, но и за возрасните, па затоа се вклопува во целокупниот стил на каналот. Загриженоста за педофилијата, која ја искажале некои критичари, се отфрлаат и тие сметаат дека станува збор за „морална паника“.
Каналот застанал покрај своето производство, а шефот на компанијата, Мортен Сков Хансен, рекол дека за време на производството биле вклучени и експерти за детска психологија. Тој вели дека добиле и бројни позитивни реакции од родители кои ја користеле серијата за да разговараат со своите деца за телото.
Првата сезона на петминутниот цртан филм има само 20. епизоди, а повеќе од половина од нив се веќе објавени на веб-страницата на овој ТВ канал.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …