Усвоиле дете па после 17. години сфатиле дека направиле голема грешка

Корисничка на „ТикТок“ на таа социјална мрежа споделила неверојатна приказна од „Редит“ до која дошла.
Според неа, парот посвоил дете од Азија. На неговите биолошки родители им било ветено дека добро ќе го воспитаат и ќе го научат на културата на земјата од каде потекнува.
Веднаш се заљубиле во момчето и уште од рана возраст го научиле на кинеска култура. Тие, наводно, биле сигурни дека тој ги поминал празниците во својата татковина и се осигурале да го научи мандаринскиот јазик.

@mrsmedeiros


##reddit ##tifu ##happynewyear

♬ Reddit Stories Part 2 – Mrs. Medeiros


За жал, после 17 години, кога му помогнале на својот посвоен син да пополни апликација за колеџ, го нашле неговиот извод од матичната книга на родените и сфатиле дека направиле голема грешка. Презимињата на неговите биолошки родители биле Парк и Ким. Овие се презимиња на корејски, а не на кинески корени.
Видеото собра скоро три милиони лајкови, а грешката многумина зачудила.

Фото: ТикТок


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …