Дури 11. мажи се обвинети за групно силување и убиство, откако 23-годишната стјуардеса Кристин Анџелика Дасера била пронајдена мртва во када во хотел на Филипините.
Несреќната девојка, која со своите колеги ја прославувала Новата година на Филипините во хотелската соба, нејзиниот колега ја нашол во бесознание во кадата.
Дасера минатата недела со колегите патувала во луксузниот хотел „Сити Гарден“ во Макати за да ја прослави Новата година.
Ден по прославата, колегата на Дасера, Ромел Галида се разбудил околу 10. часот и ја пронашол во кадата. Мислејќи дека Дасера спие, Галида ја покрилсо ќебе и се врати на спиење.
View this post on Instagram
Кога по неколку часа Галида повторно се разбудил, сфати дека Дасера е во бесознание и е поплавена.
Потоа, Галида повикал брза помош и и’ дал вештачко дишење на својата колешка, но таа не реагирала. Брзата помош ја однела во болница во Макати, но лекарите не можеле да и помогнат и била констатирана смрт.
Истражителите во моментов чекаат на обдукција, но рекле дека откриле модринки и лузни на градите и колената на Дасера. Тие исто така рекле дека има индиции дека била жртва на сексуално насилство.
Локалните медиуми пишуваат дека полицијата обвинила 11. мажи за силување и убиство кои престојувале во хотелските соби кои биле веднаш до онаа на Дасера.
Шефот на полициската администрација на Град Макати, Харолд Депозитар, рекол дека обвинувањата сè уште не се официјални затоа што се чекаат наодите за обдукцијата.
Тројца од обвинетите мажи веќе и се предале на полицијата, а осуммина се уште се на слобода.
Истрагата за овој случај сè уште трае.
Фото: Instagram/xtinedacera