(ВИДЕО) Црногорецот ги шокирал сите во британскиот „X-фактор“

Славко Калезиќ, претставникот на Црна Гора на „Песна на Евровизија“ е еден од натпреварувачите во новата сезона на британскиот „X-фактор“.
Четиричленото жири го сочинуваат пејачката Никол Шерцингер, Шерон Озборн, Луи Волш и музичкиот могул и сопственик на издавачката куќа Syco, Сајмон Кауел.
Веднаш кога Славко се најде на сцената, менаџерот на бендот „Уан дајрекшн“, Луи Вош, се сети дека го запознал на годинешниот избор за Евросонг.
„Сајмон, го знам овој лик. Го запознав во Украина на Евровизија. Кога го запознав зад сцената, му реков дека мора да се пријави за ‘X-фактор’“, изјавил Луи.
Неверојатно, но Славко мина во следниот круг. Гледајте го видеоклипот од неговиот настап.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …