(ВИДЕО) ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ: Антониа Гиговска во „Крива сум“ донесува повеќе од тоа!БРАВО!

Се вели цело е кога има се, но Антониа Гиговска во новата нумера „Крива сум“ има и повеќе од цело…
Како што вели нејзината професорка по пеење, Ана Костадиновска „Порасна детулето“, така и Антониа во оваа најнова песна ги покажува своите вистински квалитети, големини, емоции…
Текстот на Игор Џамбазот (уште едни версови кои погодуваат во центар), на музика на Дарко Димитров во која нашиот маестро уште еднаш докажува ГОЛЕМИНА, со волшебната виолина на Роберт Билбилов и гитарата на Иле Спасов, Антониа ги донесува на волшебен начин – со многу емоции и интерпретација која сигурно нема да ве остави рамнодушни туку повторно и повторно ќе ја пуштата песната „Крива сум“…


Признавам дека одамна една македонска песна ме нема така силно „дрмнато“, поместено, оставено без текст…
Но, за сето тоа придонесува Антониа со екипата со која работеше на песната „Крива сум“.
Тие ентузијасти, тие уметници во својот занает уште еднаш покажаа и докажаа дека Македонија има музика, има пејачи, има уметност која треба да се цени.
Слушнете и видете ја „Крива сум“ која сигурни сме нема да ве остави рамнодушни и ќе ви донесе насмевка на усните…широка, голема насмевка…


Г.О.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …