(ВИДЕО) ТРАМП ВО ПЕТОКОТ ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ МОРАЛ ВО БУНКЕР: Демонстрантите ја опколиле Белата куќа, фрлале камења и ги поместувале барикадите

Агентите на тајната служба го придружувале американскиот претседател Доналд Трамп до бункерот, во петокот вечер, во време кога Белата куќа била опкружена со демонстранти кои фрлале камења и ги поместувале барикадите.


АП наведува дека, според еден републиканец, членовите на тајната служба го однеле Трамп во подземниот бункер во еден момент во петокот.
Според медиумите, Трамп поминал скоро еден час во бункерот во петокот навечер.


Под Белата куќа бил изграден специјален бункер за засолниште на претседателот и високите функционери во случај на терористички напад или слична вонредна состојба.
Белата куќа не сакаше да ги коментира овие обвинувања.
„Белата куќа не ги коментира протоколите и одлуките“, рекол портпаролот на Белата куќа.


Тајната служба исто така соопштила дека не зборува за методите на нејзините безбедносни операции.
Не е јасно дали сопругата на Трамп, Меланија и нивниот четиринаесетгодишен син Барон, исто така се спуштиле во бункерот, наведува АП и додава дека, според протоколот, сите што се под заштита на тајната служба треба да бидат во бункерот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …