(ВИДЕО) ТОЈ ЛУД СВЕТ – На паркинг пред шопинг центар се степале сопруга и љубовница

На паркинг пред еден трговски центар во град во Мексико брутално се степале сопруга и љубовница.
Неверниот сопруг се обидел да ги раздели жените.
На паркингот „Волмарт“ во Тамаулипас ​​дошло до физичка пресметка меѓу две жени, како што објавија мексиканските медиуми, причина за тепачата биле неверниот сопруг.
Имено, неименуваната госпоѓа добила дојава дека нејзиниот сопруг е во трговскиот центар со својата љубовница, па брзо пристигнала пред трговскиот центар и го изненадила парот на излегување.


На видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледа како бесната сопруга ја зграпчува соперничката одзади, ја фрла на земја, а потоа ја влече и клоца.

Неверниот сопруг се обидел да ги раздели жените, се заканувал со повикување полицијата, а „Ел Универзал“ пренесува дека и детето, најверојатно нејзино, се обидело да ја смири разбеснетата жена.
„Не е таа виновна“, се слуша како вели момчето во еден момент.
Останува непознато дали интервенирала полицијата или мажот имал храброст да се појави пред жената.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …