Принцезата Дијана умрела во незнаење: „Една од најдобро одиграните измами во историјата“

Принцезата Дајана до крајот на животот верувала дека принцот Чарлс ја изневерувал со дадилката на нивните синови, Тиги Лег-Бурк, на која Би-Би-Си сега и плати отштета од околу 200.000 фунти за лагите што ги ширел нивниот новинар Матин Башир.
Никогаш непрежалената принцеза Дијана трагично почина верувајќи дека нејзиниот сопруг, принцот Чарлс, имал афера со дадилката на нивните синови Хари и Вилијам, Тиги Лег-Бурк, што се покажало како невистинито.
Лагата ја пренел новинарот Мартин Башир, а оваа недела Би-Би-Си и плати на Tиги обештетување од околу 200.000 фунти, а тие и’ јавно и се извинија, но и на принцот Чарлс и неговите синови, пишува Дејли мејл.
Во официјалното соопштение на Би-Би-Си, се наведува дека Тиги била жртва на многу сериозни и целосно неосновани обвинувања за аферата со принцот Чарлс, што за жал довело до нејзино прекинување на бременоста. Лег-Бурк рекла дека лагите ја прогонуваат од 1995. година.

This image has an empty alt attribute; its file name is dijana-so-princevite.jpg


И’ иако поранешната дадилка успеала да дојде до правдата, принцезата Дијана почина верувајќи во лагите за неа и принцот Чарлс.

„Се сеќавам кога Дијана ми кажа дека од доверливи извори дознала дека Чарлс има афера и дека се работи за Тиги. Таа се зацрвени и се расплака. Беше многу лута на Чарлс и им рекла на синовите да престанат да разговараат со Тиги. Дијана умре верувајќи дека тоа е вистина. Да беше жива сега, сигурно ќе и беше жал. Но Башир ја направи параноична за се и секого. Тоа е една од најдобро одиграните измами во историјата“, изјавил поранешниот психијатар на Дијана, Симон Симонс за The Sun.


This image has an empty alt attribute; its file name is lejdi-dijana-semejno.jpg
Тиги била ангажирана од самиот принц Чарлс во 1993. година, набргу откако тој и Дијана се разделиле. Таа ги придружувала Вилијам и Хари на семејните одмори и создала многу блиски односи со нив, а и двајцата биле гости на нејзината свадба во 1999. година. Во 2018. година, таа присуствувала на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, а била кума на нивниот син Арчи.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …