(ВИДЕО) ТИНЕЈЏЕР ОД ХОЛАНДИЈА ПАТУВА СО БЕЗОС: Откриено кој на 20. јули ќе биде најмладото лице во вселената!

Оливер Димен ќе патува наместо анонимниот победник на јавната лицитација кој платил 28. милиони долари за тоа место, објавија синоќа светските медиуми.
Победникот на аукцијата не можеше да патува „поради преполн распоред“, објавила компанијата на Безос, Blue Origin.
Според британскиот јавен сервис, тинејџерот е син на Џеси Димен, директорот на Somerset Capital Partners.
Џес Димен обезбедил место на вториот лет, но бил префрлен на првиот лет по повлекувањето на победникот на аукцијата, објави Blue Origin.
Тогаш Димен одлучил наместо него да патува неговиот син, кој е студент по физика.
Него ќе го придружува 82-годишниот Воли Фанк, кој со тоа ќе стане најстарата личност во вселената.
Другите патници во ракетата „Нов Шепард“ се самиот Безос и неговиот брат Марк.
Blue Origin не објави колку платил Димен за билетот.
Компанијата планира да ги лансира своите патници на повеќе од 100 километри над површината на Земјата и со тоа да им овозможи да доживеат микрогравитација.
Потоа капсулата ќе се врати на Земјата со падобран, а патувањето треба да трае околу десет минути.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Театар Комедија ќе биде изведена претставата „Жени во собрание“

Вечерва во Театар Комедија, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да ја проследите …