Заради изгледот или местото каде што сте решиле да живеете, како и фактот дека не сте во врска, не треба да објасните некому. Се работи за вашиот живот – вашата работа.
1. За вашата љубовна врска
Само вие можете да одлучите каква врска ќе ве направи среќна. Не дозволувајте никој да го контролира вашиот љубовен живот. Следете го срцето и инстинктите, тоа го знаете подобро од кој било друг.
2. Затоа што не сте во врска
Никому не треба притисок од семејството и пријателите затоа што сте (сè уште) сами. Можеби ви е тешко поради тој статус, а можеби навистина уживате во осаменост и слободаѕа и наоѓањето на она што ве прави среќни. Запознајте се подобро, истражете го животот, правете го она што го сакате и не дозволувајте никој да ве притиска поради тоа.
3. Затоа што не се согласувате со нешто
Во секое општество има некој што мисли дека е секогаш во право и дека само нивното мислење е најправилно. Не мора да се чувствувате лошо затоа што мислите поинаку. Вашите ставови секако имаат добро објаснување и затоа – оставете го вашиот глас да се слушне.