Неверојатна сцена…
Рибар од Северен Квинсленд во Австралија бил непријатно изненаден кога наместо риба фатил огромен крокодил. Еден човек ловел риба од брод во северниот австралиски град Веипа кога почувствувал нешто што наликувало на голем улов на јадицата.
Тој цврсто ја држел прачката и брзо ја вртел ролната за да го извлече уловот од водата, но потоа на површината се појавил крокодил. Имено, рибата што очигледно ја фатил пред малку, ја лапнал крокодилот, па рибарот скоро го извадил од морето заедно со рибата.
Фото: Принтскрин/Youtube/ViralHog