По тешките два сета и победата над Тејлор Фриц, Новак Ѓоковиќ едвај ја дочека средбата со своите најголеми обожаватели.
Синот Стефан (8) и ќерката Тара (5) исто така нетрпеливо чекаа да заврши натпреварот против Американецот за да можат да потрчаат во прегратките на својот татко.
Новак во текот на мечот од својата ложа можеше да слушне гласно „ајде тато“, бидејќи Стефан беше неуморен додека навиваше, а кога осмиот тенисер на светот успеа да го скрши Фриц, следеа трогателни сцени.
Who he plays for ❤️@DjokerNole #NittoATPFinals pic.twitter.com/pUrM5TXg2J
— Tennis TV (@TennisTV) November 19, 2022
Стефан и Тара влегоа на теренот и истрчаа да го гушнат Новак, а тие сцени веќе предизвикаа многу реакции на социјалните мрежи.
Во недела најмалите ќе имаат нова можност да го бодрат тато, бидејќи финалето на завршниот Мастерс во Торино е закажано за 19. часот, а противник на Србинот ќе биде победникот од дуелот помеѓу Каспер Руд и Андреј Рубљов.
Фото: Принтскрин/Twitter