Пар од Њујорк, Метју и Марија Емануел, купиле куќа, а кога почнале да ја уредуваат за да ја направат идеално место за живеење, нашле метален сеф полн со злато, дијаманти и банкноти.
Во него имало предмети чија вкупна вредност била околу 52.000 долари и многу брзо откриле дека тие работи всушност им припаѓаат на нивните соседи кои биле ограбени пред седум години.
Метју и Марија Емануел нашле богатство во својот двор кога најмиле работници да засадат нови дрвја. Дотогаш во куќата живееле четири години, целосно несвесни што се крие во нивната градина.
Дури кога еленот ги изеде остатоците од старите дрвја, ја виделе металната кутија.
– Не знаевме дека е сеф, мислевме дека внатре има некои електрични жици – објаснил Метју.
Фото: Принтскрин/YouTube