(ВИДЕО) СУПЕР БАБИЧКА – Се обидела да ограби 81. годишна госпоѓа но неочекувано добила ЌОТЕК!

„О, не! Нема да ги земете моите пари. Премногу работев за нив“
Надзорните камери снимиле необична сцена во Велика Британија кога една девојка се обидела да ограби баба која подигнувала пари од банкомат.
Тоа што следело за многумина било изненадување. Бабата, Дорен Џонс храбро се одбранила од непознатата жена.
„О, не! Нема да ги земете моите пари. Премногу работев за нив“ – рекла бабата во некое интервју, пренесуваат од „Klipland“.
Госпоѓата Џонс за време на инцидентот се ноѓала на улицата High Street во Блекхилт каде што околу десет часот наутро се обидела да ја подигне својата пензија.
На снимката се гледа како непознатата жена ѝ приоѓа и прво нешто ѝ зборува, а потоа нагло се обидува да ја турне за да ѝ ги земе парите.
Жената не знаела дека се обидува да нападне погрешна жртва.
Погледнете го видеото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …