Пред два месеци родителите на загинатото момче беа во Белата куќа при што Доналд Трап ги замолил да се запознаат со Ен Сакулас,која била во соседната соба.
Сопругата на американскиот разузнавачки службеник во Британија ќе биде обвинета за невнимателно возење и убиство на мотоциклистот Хари Дан.
19.годишниот Дан загинал во август во сообраќајна несреќа во Нортемптоншир, која ја предизвикала Ен Сакулас, и потоа ја напуштила Британија, па заминала во САД поради дипломатски имунитет.
Проблем на имунитетот
Несреќата се случила пред аеродромот РАФ Краутон каде нејзиниот сопруг Џонатан служел како разузнавачки службеник.
Случајот поради својата природа е доделен на британската Крунска служба на обвинителството, која заклучила дека имунитетот за семејствата на дипломатите се применува само во Лондон, а не во цела Англија.
Се покренува обвинение
“По смртта на Хари Дан обвинителството на Круната денес ја овласти полицијата да ја обвини Ен Сакулас дека предизвикала смрт со опасно возење”, рекла главната обвинителка на Круната, Џанин Смит.
“Директорот на јавното обвинителство се состанал со семејството на загинатото момче Хари Дан, за да објасни по која основа е донесена оваа одлука”, додала таа.
Да потсетиме, пред два месеци родителите на загинатото момче беа во Белата куќа при што Доналд Трап ги замолил да се запознаат со Ен Сакулас,која била во соседната соба. Но, родителите го одбиле тоа напоменувајќи дека дошле по правда а не да се запознаваат со убиецот на нивниот син.
Watch the emotional moment Harry Dunn's family find out Anne Sacoolas has been charged with causing death by dangerous driving.
Sacoolas was involved in a crash in which Harry Dunn died, but she left the country claiming diplomatic immunity.
More here: https://t.co/Dfwosw0jHT pic.twitter.com/ljc6ZYaCyx
— Sky News (@SkyNews) December 20, 2019
US diplomat wife Anne Sacoolas charged over Harry Dunn death crashhttps://t.co/Jt1u8JcMY9 pic.twitter.com/hBT3xf3EGh
— ITV News (@itvnews) December 20, 2019