(ВИДЕО) Стјуардеса од Србија покажала како изгледа лет со една од најскапите први класи

КРИСТИНА ГРАБЕЖ, инфлуенсерка и поранешна стјуардеса од Србија, на социјалните мрежи покажа како изгледа лет со една од најскапите први класи во авион.
„Иако многу авиокомпании имаат свои верзии на првата класа, авиокомпаниите од Блискиот Исток имаат некои од најексклузивните и најскапите места во авионот“, рече Кристина на почетокот на видеото.

View this post on Instagram

A post shared by Tina Grabez (@tinagrabez)


Таа објасни дека секое седиште има посебна врата која може да се затвори за да се обезбеди целосна приватност на патниците. Исто така, во првата класа, додатоците како грицки, слушалки и ќебиња се подобри отколку во остатокот од авионот. Патниците добиваат и комплет со козметика и пижами. Нивните седишта исто така може да се развлечат.
Гостите во првата класа ги послужува готвач, а Кристина вели дека јадењата им се подобри отколку во остатокот од авионот.
„Сето тоа изгледа убаво, но билетот за прва класа во овие компании може да чини и над 10.000 евра“, заклучила Кристина која на социјалните мрежи често споделува видеа во кои опишува како изгледа работата на стјуардеса.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …