На социјалните мрежи се шират ВИДЕА од бизарни несреќи.
Ова е аеродромот Аликанте во Шпанија, каде што се случила несреќа во која Рено Клио завршил под трупот на авионот Боинг 737 на Рајанер. Според соопштението, несреќата се случила на 12. април.
#Incidente en el Aeropuerto de #Alicante donde se ha visto involucrado un #Boeing737 de #Ryanair. 12-04-22 pic.twitter.com/KC3MrRlYKl
— Iván Castro Palacios (@ivancp25) April 12, 2022
Судејќи по фотографиите, би се рекло дека возачот на малото Рено погрешно го проценил просторот под трупот и се заглавил со покривот на автомобилот. Последните информации велат дека возачот на Рено заборавил да ја притисне рачната сопирачка при паркирање, па автомобилот се „однел“ под трупот. Само еден поглед на тркалата и намаленото растојание кон браниците јасно покажува колку добро се стегнал и заглавил Clio.
За среќа во несреќата нема повредени, но исто така голема е веројатноста и дека нема поголема материјална штета. Авионот сепак бил однесен на темелна проверка на трупот и конечно тргнал на редовен лет со задоцнување од 90 минути.
Фото: Принтскрин/Twitter