(ВИДЕО) Бебето одбило да пие млеко од шише, дедо смислил генијален начин да ја нахрани!

КОГА се обидувате да натерате доено бебе да земе шишенце, понекогаш ќе наидете на бебе кое одбива таков начин на хранење. Еден дедо создал свој метод кој изгледа одлично за детето, но и обезбедува забава и смеа за сите останати.
На видеото споделено од Венди Ренџел на TikTok се гледа како маж става шише низ дупка на неговата маица со натпис: „Моето кумче нема да го земе шишето, па татко ми пробал нешто“. Мажот проверувал дали млекото излегува од цуцлата на шишето, а потоа го држи бебето на градите, симулирајќи го доењето. Овој метод се покажал како многу успешен.

@xo.weendyy To all the dads out there who struggle with their little ones not taking the bottle 😂💀 #fyp #foryou #parati #fypシ #4u #grandchild ♬ original sound – Wendy Rangel


Видеото заработило околу 9. милиони прегледи. На луѓето во коментарите им се допаднала неговата генијалност и подготвеност да направи се што е потребно за да го одржи бебето нахрането и среќно.
Грижата за бебето да биде сито и задоволно не изгледа како тешка задача, но понекогаш е многу напорна. Бебињата имаат свои навики и тоа може да не фрустрира кога ќе наидеме на одбивање на бебето од новите методи што се обидуваме да ги примениме. Овој дедо навистина заслужил сериозни пофалби за неговото достигнување.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …