„Доста е од корони и карантини“: Девојките од „Фрајле“ со голем концерт на отворено во Скопје!

Тие се миленички на македонската публика, па токму поради тоа и тие често во нивните интервјуа споменуваат дека од Македонија ги носат најубавите спомени…
Поради таа причина, Наташа, Јелена и Невена од триото „Фрајле“ повторно ни доаѓаат во нашата метропола, но овојпат на еден голем концерт и тоа на отворено.
Имено, на 18-ти јуни пред платото на МОБ овие популарни новосаѓанки закажаа неколкучасовно дружење со публиката.
Нивните бројни хитови и преработки како што се: „Мењам дане“, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, „Битола мој роден крај“ и многу други ќе бидат само дел од нивниот пребогат музички репертоар, а нека не ве чуди ако вечерта на 11-ти изненадат со некоја нова преработка на песна…

This image has an empty alt attribute; its file name is frajle-1.jpg„Доста беше од корона, карантини и слично. Време е да се вратиме на оној „стариот“, но добар живот, каде што никој никому забранува да пее и да се смее на глас. Искрено се радуваме на повторната средба со македонската публика – велат популарните девојки од Војводина.


Организаторите на овој настан – „Прагма продукција“ велат дека скопјани заслужуваат еден ваков музички подарок.

„Публиката во Македонија ги обожава овие девојки и она што тие го прават. Интересот е преголем, а ние може да ветиме одлична музичка вечер – накусо изјавија од продукцијата.


This image has an empty alt attribute; its file name is frajle.jpg
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат онлајн преку продажната мрежа на „www.kupikarta.com – како и во „Југотон“ и „Розе Веро 2“.
Се гледаме на 18-ти јуни пред платото на МОБ – голем концерт на „Фрајле“!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …