(ФОТО) Открила се за најлошата одлука во животот – се сеќавате ли на Бејб од „Dirty Dancing“?

Промовирајќи ги своите нови мемоари Out of the Corner, таа вели дека по ринопластиката „го изгубила идентитетот и кариерата преку ноќ“.
Улогата на симпатичната Бејб во „Dirty Dancing“ (1987) на Џенифер Греј и донесе планетарна слава. Делото на режисерот Емил Ардолин ја следи љубовната приказна на тинејџерката Френсис Бејб Хаусман и нејзиниот инструктор по танц Џони Касл, кој го играше големиот Патрик Свејзи.

Колку и да изгледало дека е успешна и позната, Џенифер имала тешки моменти во животот.


Имено, пред премиерата на филмот „Dirty Dancing“, заедно со тогашниот дечко Метју Бродерик, преживеала тешка сообраќајна несреќа – доживеале верижен судар, и двајцата преживеале, но мајката и ќерката кои биле во другиот автомобил немале толку среќа. Поради сето ова таа подолго време била далеку од очите на јавноста.

View this post on Instagram

A post shared by Anos 80 e 90 nostalgia (@oitentando)


На почетокот на 1990-тите, таа направила пластична операција за да го намали носот. Нејзиниот изглед по неколкуте процедури лошо се одразил на нејзината работа.


Џенифер Греј ја промовирала својата книга Out of the Corner и вели дека „преку ноќ го изгубила идентитетот и кариерата“ по ринопластикара, пренесува Daily Mail.
Таа во книгата ја споменува и нејзината соработка со Свејзи, а ги допрела и нејзините љубови од младоста со Метју Бродерик и Џони Деп.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Не пуштила солза кога умрела Дијана, но тоа го направила во овие 2 ситуации: Зошто тогаш светот ја видел Елизабета како плаче?

Никој не можел да види солзи на лицето на кралицата, освен во овие две ситуации. …